ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје синоќа спороведе акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.
Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на непрописно паркирани возила кои го предизвикуваат нередот во доцните часови.
Оваа мерка континуирано ќе се спроведува со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, најавуваат од општините.