Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде Манчестер сити. Англискиот клуб е првиот во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра.

На второто место е ПСЖ (913 милиони), додека трет на оваа листа е Реал (902 милиони).

Рејтинг на ТОП 10 клубови според потрошени средства на своите фудбалери според ЦИЕС:

1. Манчестер сити (Англија) – 1 милијарди и 14 милиони евра 2. ПСЖ (Франција) – 913 милиони 3. Реал Мадрид (Шпанија) – 902 4. Манчестер јунајтед (Англија) – 751 5. Јувентус (Италија) – 719 6. Барселона (Шпанија) – 697 7. Ливерпул (Англија) – 639 8. Челзи (Англија) – 561 9. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 550 10. Арсенал (Англија) – 498.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 21:40