Пивара Скопје започна со производство на ново пиво – „СКОПСКОIPL“, прво од ваков вид на македонскиот пазар. Најновата бренд екстензија на СКОПСКОпретставува автентично „крафт“ пиво, што како термин во пивската индустрија се користи за пива со уникатни карактеристики кои се резултат на употребата на квалитетни состојки во производството и голема умешност и искуство на пивските мајстори.
„Раководејќи се од потребите и желбите на нашите потрошувачи, кои секогаш се во центарот на нашето внимание, како и од големото значење наСКОПСКО за домашната пивска индустрија, одлучивме да направиме уште една значајна инвестиција во неговиот развој. Веруваме дека со ова ќе дадеме дополнителен импулсза натамошенразвој на домашниот пазар на пиво, што секако ќе има позитивно влијание и за целокупниот развој на македонската економија. На ваков начин, Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба и посветеност кон долгорочен одржлив развој кој ќе ѝовозможи и понатаму да го дава својотзначаенпридонес за просперитетот на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.
Новото„СКОПСКОIPL“ е светло пиво, облагородено со силна арома и угодна горчина кои придонесуваат за неговиот неодолив, богат и лесно препознатлив вкус. Уникатните карактеристики на ова ароматично пиво произлегуваат од четирите видови хмељ, кои потекнуваат од три различни континенти, како и од рачниот „крафт“ процес за негово создавање кој трае две недели подолго од вообичаениот технолошки процес за производство на пиво.
„Во производство на „СКОПСКОIPL“ се раководевме од рецептот на старите британски морепловци, стар над 400 години, на кој му ги додадовме најсовремените светски пивски трендови и секако нашата експертиза, големата страст и богатото искуство стекнато низ сите овие години на производството на омиленото пиво на многугенерации – СКОПСКО. Уникатниот процес на производство што го применуваме, наречен „dry hopping”,и различните видови висококвалитетен хмељ што ги употребуваме, му даваат на новото Скопско пиво навистина богат вкус и арома кои доаѓаат до израз откако претходно лесно ќе се протресе шишето“, објаснуваНадица Николоска, сениор брендменаџер во Пивара Скопје.
Со лансирањето на „СКОПСКО IPL“, како најнова иновација од областа на „крафт“начинот на правење на пиво, Пивара Скопје гонадополнува широкиот асортиман на пива кои веќе уживаат култен статус меѓу потрошувачите и со тоа дополнително ја зацврстува лидерската позиција на пазарот, којаја одржувавеќе 95 години.
Дистрибуцијата на новото„СКОПСКОIPL“произведено во Пивара Скопјевеќе започнa,со што тоа станувадостапноза ситељубители на пивото во земјава,во повратна стаклена амбалажа од 0.33ли лименка од 0.5л,по конкурентацена која одговара на врвниот квалитет на ова уникатно пиво.