Ракометарите на Еурофарм Работник имаат план за успешен настап на првиот напревар против португалскиот шампион Спортинг од Лисабон, изјави на прес конференција, шефот на стручниот штаб Стевче Алушовски.

Алушовски очекува полна сала и поддршка од битолската публика во деби натпреварот од ракометната Лига на шампиони.

– Спортинг е фаворит во нашата група, тоа е тежок противник но имаме план да го изненадиме фаворитот. Нашиот тим ќе биде засилен со враќањето на интернационалецот Остроушко кој минатата година беше носител на играта на Eурофарм Работник. Противникот го анализиравме и очекувам борбеност и цврста одбрана која ќе ја спротивставиме на Спортинг, тим со бројни интернационалци и репрезентативци, истакна Алушовски.

Натпреварот од првото коло во Лига на шампиони меѓу Еурофарм Работник и Спортинг се игра в недела со почеток во 17 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2019 20:24