Манчестер Сити доби сериозен удар откако стана јасно дека Ајмерик Лапорт ќе биде аут од терените пет до шест месеци поради операција на коленото.

Дваесет и пет-годишниот играч се повреди за време на натпреварот против Брајтон и Пеп Гвардиола на крајот ја потврди сериозноста на неговата повреда за време на неговата прес-конференција.

– Ајмерик ќе биде далеку од терените долго време. Пет месеци или шест месеци. Тој ќе биде на линија во јануари или февруари следната година“, кратко изјави Гвардиола.

Па така ова е уште еден играч на тимот кој долго ќе отсуствува со сериозна повреда, откако и Лерој Сане се повреди порано и тој исто така се очекува да биде надвор од терените неколку месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2019 22:23