Тимур Дибиров и и Даинис Криштопанс од Вардар се најдоа во „Ол стар“ тимот кој го избраа тренерите во Лигата на шампионите.

Тренерите го изгласаа најдобриот тим составен од ракометни ѕвезди, откако требаше да номинираат по еден играч на секоја позиција, плус да го именуваат и нивниот најдобар колега.

Покрај играчите на европскиот шампион, во идеалниот состав се најдоа и Микел Хансен, Лука Циндриќ, Лудовик Фабрегас, Блаж Јанц и Никлас Ландин.

За тренер на иделаниот тим е избран Талант Душебајев од Кјелце.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2019 22:25