Организаторот на играта на Вардар, Сташ Скубе се најде во дрим-тимот на првото коло од Лигата на шампионите. Словенецот имаше значаен придонес во триумфот на „црвено-црните“ во саботата на гостувањето кај Монпелје. Скубе натпреварот го заврши со седум голови.

Дрим-тим за првото коло во ракометната ЛШ:

Лево крило: Диого Бранкињо (Порто) Лев бек: Никола Билик (Кил) Среден бек: Сташ Скубе (Вардар) Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг) Десно крило: Валентин Јонеа (Спортинг) Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона) Голман: Андреас Волф (Кјелце).



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 12:28