Oд денеска во продажба се пуштени поединечните билети за следните два домaшни натпревари на Вардар, во ЕХФ лигата на шампионите со Порто и во СЕХА Газпром лигата против Нексе. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk
На 22 септември Вардар го игра вториот натпревар од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите против Порто. Натпреварот е закажан за 17 часот во СЦ Јане Сандански".
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот а цената на билетите е во износ од 350 денари и 400 денари.
На 24 септември пак Вардар ќе биде домаќин на Нексе во СЕХА Газпром лигата. Мечот е закажан за 20:45 часот, а цената на билетот за овој натпревар е 50 денари.