Портпаролот на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, Турки ал-Малики изјави дека нападите врз постројките и комплексите на саудиската нафтена компанија Арамко биле извршени со иранско оружје вон територијата на Јемен.

– Според првичните податоци, оружјето користено во нападот врз Абкаик и Кураис му припаѓа на Иран, а индициите велат дека нападите биле извршени надвор од подрачјето на Јемен, рече ал-Малики.

Тој додаде дека во тек е истрага за да се утврди од каде е извршен нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 11:58