Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, по повод Светскиот ден на чистењето, ќе спроведе акција од 21 до 24 септември за собирање кабаст отпад – стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на територија на општина.

ЈП,,Комунална хигиена” – Скопје ќе постави три специјални садови (контејнери), во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад на следниве локации :

– Кисела Вода – контејнерот ќе биде поставен на ул.14 Декември – кај ,,Гет Кафе” (до контејнерите)

-11 Октомври – згради – контејнерот ќе биде поставен во ,,Парк Пушкин” (кај контејнерите)

– населба Драчево – контејнерот ќе биде поставен на ул.Ратко Митровиќ – кај Спортската сала)

Ги замолуваме сите граѓани отпадот да го одлагаат во точно предвидените термини и локации.

Вон определениот датум не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад ( мебел, електронска и електрична опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 13:57