Герила акција осамна денес пред Владата на Република Македонија.
Плишана играчка во вид на октопод беше оставена пред влезот на Владата на кое беше напишано името на Премиерот Зоран Заев, алудирајќи на случајот „Рекет“ во кој за изндување на финансиски средства од бизнисмени се притворени Бојан Јовановски, Зоран Милески како и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Според информациите во јавноста, голем дел од владините и партиските функционери во СДСМ се поврзуваат со овој случај, а опозицијата го обвини премиерот дека токму тој е на врвот на октоподот.