Поголем дел од граѓаните на населеното место Усје кое се наоѓа веднаш после раскрсницата на булеварот Борис Трајковски и Булеварот Србија излегоа на протест по повод неисполнетите ветувања на градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.
-На Усје му се заканува епидемија, а причината за таа е одводната канализација која не постои во населбата, т.е примарната канализација е изградена, но не и секундарната. Градоначалникот Филип Темелковски ни вети во 2018 година дека во февруари 2019 ќе биде започнат одводот, но тоа не се оствари. За време на вториот круг на изборите исто така тој беше во најзагрозениот дел од Усје каде фекалиите малтене течат низ подрумите и улиците и ни вети дека ќе се изгради, т.е во месец август ќе биде месец во кој ќе започне изградба на канализација, а од тоа нема ништо, велат жителите од ова населено место.
-Го замолуваме тој да ни помогне, бидејќи ни се заканува епидемија. За пошироката јавност Усје се наоѓа на само 5 километри од центарот на градот и ние живееме во субстандардни услови, а во радиус од 20 километри во Скопје сите населени места имаат канализации, освен ние, потенцираат насобраните жители.
Тие најавија и протести во иднина со радикализирање и блокирање на патот секојдневно, доколку не се превземат мерки во најитен можен рок.