Манчестер јунајтед сака да разговара за можноста за потпишување нов договор со играчот од средниот ред Пол Погба. Управата на Манчестер јунајтед има намера да се сретне со агентот на 26-годишниот Французин Мино Рајола, пренесува „ЕСПН“.
Тековниот договор на Погба со Манчестер е со важност уште две години. Играчот од средниот ред го бараат Реал и Јувентус.
Оваа сезона Погба настапи на четири натпревари и забележа две асистенции. Тој ги пропушти последните неколку натпревари поради повреда.