Тимот „Леа“ составен од економисти, дизајнери и девелопер, е победник на предизвикот на Охридска банка на годинешниот „Rethink“ – креативен маратон во организација на Солвео.

Победничкото решение вклучува машинско учење и анализирање податоци преточено во модел за предвидувања идни финансиски навики кај клиентите и врз основа на тоа – препорака за користење банкарски продукти.

На креативниот маратон „Rethink“, Охридска банка го постави предизвикот „Rethinking financial habit formation in young customers – Changing financial habits using Big Data & AI“. На предизвикот се натпреваруваа три тимови под менторство на продукт менаџери, специјалисти за продажни канали, ИТ специјалисти од Охридска банка и Сигмоид Груп со експертиза во полето на машинското учење и вештачката интелигенција.

Креативниот маратон „Rethink“ во организација на Солвео имаше за цел да го подобри дигиталното корисничко искуство кај бизнисите, а Охридска банка беше една од трите платинум спонзори на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 16:02