Медицинските лица препорачуваат дека е подобро да ги внесуваат овие калорични продукти кои се богати со протеини одколку мрсната и пржената храна.
СИРЕЊЕ
За производство на едно парче сирење потребно е најмалку една чаша млеко, па од таму произлегува фактот дека овој продукт е полн со хранливи материи како што е калциумот, селенот и витаминот Б12. Едно парче сирење содржи и околи 7 грама на протеин кој пак е неопходен за јакнење на мускулите како и правилна работа на мозокот. Конзумацијата на сирењето највеќе се препорачува на луѓето кои избегнуваат или воопшто не јадат месо и риба.
ЈАЈЦА
Јајцата се единствен продукт во исхраната кои во текот на нивното подготвување не ги губат своите хранливи состојки и содржат многу од нив. Јајцето со своите минерали и витамини е одличен произведувач на омега 3 масни киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем. После конзумација на јајцата, кои може слободно да се наречат и мали протеински бомби, секој човек подолго се чуствува заситен и нема потреба од внесување на храна. На овој начин некои научници сметаат дека јајцата иако се во себе содржат голем број на протеини, сепак им помагаат на луѓето во нивната намера за слабеење.
ОРЕВЕСТИ ПЛОДОВИ
Бадемите, оревите, лешници и другите видови од ваков тип на плодови се извор на Витамин Е кој на организмот му е потребен за еластичност и здрава кожа. Покрај ова, во нив се наоѓа и голема количина на магнезиум, кој многу малку го внесуваме преку редовната исхрана, а кој е значаен во борбата против секојдневниот стрес. Овој тип на протеини, најчесто е препорачлив за конзумирање од страна на вегетаријанците.
РИБА
Медитеранската исхрана се смета за една од најздравите исхрани во светот и буквално е содржана во сите диети. Медитеранската исхрана содржи најмногу конзумација на секаков вид на риба и подготвена на најразлични начини. Науката вели дека луѓето кои јадат риба која исто како и јајцата е богата со омега 3 масни киселини, но не во толкава мера, неколкупати во текот на неделата се генерално здрави и среќни, имаат низок крвен притисок и кај нив е намален ризикот на минимум од добивање на хронични болести.
МАСЛИНОВ ЗЕЈТИН
Маслиновиот зејтин е најдобар природен сојузник на здравјето на луѓето. Тој изобилува со добри масти (незаситени масни киселини) кои се исполнети со вВитамин Е и витамин К како и голем број на антиоксиданси. Редовната употреба на маслиновиот зејтин штити од воспалениа, висок крвен притисок како и срцеви болести и болести на крвните садови.
ПОЛНОМАСЕН ЈОГУРТ
Науката вели дека најдобар јогурт за дневна конзумација е јогуртот кој е добиен од полномасно млеко. Јогуртот во својата суштина е многу здрав продукт кој изобилува со калциум, а кој е добар за коските и забите во човечкото тело а содржи и приобитици кои ја забрзуваат работата на метаболизмот и цревата и го штитат од разни видови на болести.