Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на булеварот „Јане Сандански“ бр. 107 во Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 13:23