Во кавга за паркинг скршено ветробранско стакло на БМВ
Триесет и тригодишен гостиварец попладнево пријавил оштетување на возилото откако претходно се расправал со сограѓанин.
Од СВР Тетово информираат дека настанот кај нив телефонски бил пријавен во 15:20 часот од страна М.С. (33) од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот “бмв” со гостиварски регистерски ознаки на улица “Илинденска” во близина на трговскиот центар. Набрзо, потоа Б.Т. (54) кој бил во близина реагирал по што настанала расправија.
Од полициската станица Гостивар сочинет е записник, а детаљите околу случајот ќе се утврдуваат дополнително.