Екипата на Вардар го совлада Нексе со 27:25 во натпревар од регионалната СЕХА лига, што за македонскиот првак е втора победа во третото коло.

По првото полувреме резултатот беше 14:14, претходно Нексе водеше и со 12:9, но потоа домашните заиграа колку што им требаше, па без поголеми проблеми освоија три бода.

Дибиров со 9 гола беше најефикасен кај Вардар, Дисингер реализираше 6, Криштопанс три, а голманот Гедбан кој беше расположен во второто полувреме, на крај имаше 15 одбрани. Наредниот дуел на „црвено-црните“ со СЕХА е гостувањето кај Татран Прешов на 1 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 02:06