Голманот Калифа Гедбан доби огромен аплауиз од публиката во салата во СЦ „Јане Сандански" за најдобрата партија прикажана досега, за неговите 15 одбрани на дуелот со Нексе што Вардар го доби со 27-25 (14-14). Тоа беше контрола за „црвено-црните" пред заминувањето на две гостувања, едно во лигата на шампионите кај Мотор во недела, а потоа се продолжува кај Татран Прешов во нов меч од СЕХА лигата.
Традицијата продолжува и сите натпревари одиграни во Скопје во СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар и Нексе ги добиваат домашните ракометари. На актуелниот шампион на СЕХА лигата му беа потребни 45 минути за да остварат поголемо водство и на крајот да триумфираат со 27-25 (14-14). Вардар има шест бода од три натпревари, а хрватскиот тим останува на дното на групата Б по три одиграни натпревари без освоен бод.
Кога Вардар за прв пат постигна пет гола во низа, и зголеми од 18-18 на 23-18 за само пет минути тоа беше најавата дека бодовите ќе останат во Скопје. Ова е втора победа за Вардар оваа сезона во трет натпревар.
Иако тренерот Давид Писонеро претходно објави дека на вакви мечеви во СЕХА Газпром шанса е да играат и помладите играчи, сепак Вардар го започна мечот со најсилниот состав против Нексе. Единствениот што недостасува беше Павел Атман од оние што играа на претхолдните средби.
Во ситуација кога Вардар беше прогласен за фаворит уште пред почетокот на натпреварот, домашните играчи влегоа малку опуштено, за разлика од гостите од Хрватска кои покажаа максимална мотивација во играта. Го имаа и голманот Морено Цо кој имаше пет успешни одбрани во првите 15 минути. Она што ние го промашувавме тие го реализираа, па затоа и некако тие имаа водство во еден дел, ние се враќавме, но никој не успеа да направи некоја поголема разлика.
Нексе постојано му „дишеа во вратот" на актуелниот шампион СЕХА, а во 24-та минута Нексе имаше предност од 3 гола (9-12). Играњето без голман на моменти донесе шанса за постигнување гол кога ривалот имаше празна мрежа, така што лесни голови беа постигнати на двете страни за неколку минути. Во последните секунди Иван Чупиќ постигна гол за 14-14.
Домашната екипа во второто полувреме за само пет минути направи целосен пресврт откако претходно испуштија многу ситуации што можеа да ги реализираат и побрзо резултатски „да избегаат". Кога Вардар играше добро во одбрана, тогаш беше лесно да се направи и шанса за гол, принудувајќи го ривалот да направи грешка и потоа да ги казни. Како што Морено Цар ги прикажа своите настапи на првото полувреме, во второто полувреме вистински крал помеѓу стативите беше Калифа Гедбан со 15 одбрани. Неговите одбрани им овозможи на своите соиграчи лесно да постигнат гол и да го зголемат одбраната на голот, па максимално „плус шест" (26-20).
Во последните минути од средбата шанса добија и младите Карапалевски и Ќосевски, а младото десно крило Алан Ќосевски ја искористи шансата и го постигна својот прв гол во СЕХА лигата.
Левиот крилен тим Тимур Дибиров постигна девет гола, а заедно со Кристијан Дисингер кој постигна шест гола и беа најдобри играчи во составот на Вардар, а Фран Милета и Иван Думенчиќ постигнаа по четири погодоци секој за Нексе.
Во следното коло Вардар патува во Словачка на дуелот со Татран Прешов на 1 октомври, а Нексе ќе биде домаќин на Пекинг на 30 септември.