Ракометниот клуб Металург вечерва официјално соопшти дека се разделиле со тренерот Дамир Стојановиќ.

Нерешениот резултат на гостувањето кај Пролет, беше капката која ја прели чашата на трпението кај раководството на клубот од скопска Автокоманда, па одлучено е тренерското место да се пополни со некој друг стратег.

Металург засилено преговара со потенцијалните кандидати за пополнување на испразнетото место, а истовремено, екипата непречено продолжува со тренинзите. Тренинзите ги водат Петар Мисовски и Марко Шешум.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 21:46