Многу фраери не гледаат ништо лошо во лажењето, а ним ни на крај не им паѓа на памет дека со таквото однесување ја нарушуваат довербата во врската. Често тоа го прават без некоја конкретна причина, само полесно им е да не се замараат да објаснуваат за вистината.
Мислат дека предметот на лагата е неважен
Мажите се во состојба набрзина да смислат некоја лага, бидејќи не сметаат дека тоа е многу важно. За нив малите лаги се сè она што за нив не е важно.
Сметаат дека со вистината ќе ги влошат работите
Кога би ви ја кажале вистината, сметаат дека би ја влошиле ситуацијата. Тие мислат дека некои работи едноставно нема да ги сфатите и не сакаат да си направат дополнителни проблеми.
Мислат дека молчењето е најдоброто решение
Повеќето мажи мислат дека ако не се спомнува проблемот, тој ќе исчезне сам од себе. За проблемите сепак обидете се да разговарате со „ладни глави“.
Сметаат дека со тоа создаваат подобра иднина
Тие се водат од следната логика: ако во моментот смислат лага, таа може да промени некои работи во иднината. Исто така, со оваа постапка се обидуваат да избегнат расправија и да поминат без последици.
Сметаат дека вистината не е доволно добра
За да ја воодушеват жената, одлучуваат да преувеличат некои работи бидејќи мислат дека ако ја кажат вистината, нема да се претстават во добро светло.