Студијата подготвена од лекарите истакнува дека иако состојките содржани во парацетамолот, се широко користени во борбата против грип, сепак не може да помогне во целост во борбата против целокупните ефекти од вирусната инфекција. Испитувањето главно било насочено кон влијанието на парацетамолот врз количината на вирусот на во телото, односно вирусното оптоварување на телото.
Студијата се темели на истражување спроведено врз репрезентативен примерок од 80 луѓе кои имаат вирусно оптоварување, од кои 40 луѓе конзумирале парацетамол додека другите 40 луѓе земале апче кое личи на таблета во период од пет дена. На двете групи константно им е мерена телесната температура и следени се останатите симптоми на грип.
Резултатите од истражувањето покажаа дека речиси и да нема разлика помеѓу двете групи кои се лечеле со парацетамол и со апче кое личи на таблета а оздравеле скоро во исто време. Од таму научниците го произвеле заклучокот дека парацетамолот е лек кој е наменет за лекување на треска и блага болка, но не може да ја излечи вирусната инфекција.