Кога понежниот пол има чувство на незадоволство од своето тело и кога ќе се споредат со познатите лепотици, тогаш се раѓа чуство на депресија. Девојките и жените најмногу се нервираат и најмногу им пречи целулит, стрии лузна од царски рез и градите кои опаднале како резултат на доењето.

Негативната слика за сопственото тело најмногу се одразува прво на бракот и на својот избраник бидејќи се повеќе жени избегнуваат сексуални односи од страв дека на партнерот нема повеќе да му бидат привлечни. Британско истражување покажало дека секоја четврта жена избегнува секс или инсистира на водење љубов со изгаснато светло бидејќи е незадоволна од изгледот на сопственото тело. Уште поалармантен е податокот дека две од три жени неможат да го поднесат својот изглед пред огледало а дури 60 проценти од жените избегнуваат да се погледнат во одело кога се пресоблекуваат. Некои жени пак отишле толку далеку што прифатиле да водат љубов со својот партнер но со гардероба на нив која ќе го покрива нивното тело а не помогнале ниту убедувањата од партнерот дека се убави и привлечни.

Стручњаците кои се занимаваат со оваа проблематика предупредуваат дека ова за жените претставува маѓепсан круг и дека чустуваат нелагодност и срам од своето тело а во исто време мислат како остатокот од девојките на светот имаат се за да бидат среќни. Како што заклучуваат ова е само уште еден доказ за негативното влијание на светот на интернетот и на друштвените мрежи каде што овие слики се најзастапени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 05:23