Десет основни училишта од општина Карпош ќе добијат организатори за складирење мобилни телефони од учениците во предметна настава.

Денеска ќе бидат промовирани првите организатори во ООУ „Војдан Чернодрински“.

Целта е промовирање на првите организатори (џебови) за складирање мобилни телефони во нашата држава, наменети за учениците од предметна настава во сите 10 основни училишта на територија на Општина Карпош.

Здружението „Ајнштајн“ во периодот од јануари 2019 до август 2019 година го спроведуваше проектот “Вклучи внимание” финансиран од Европската унија во чии што рамки се организира овој настан. Цели на проектот се зголемување на вниманието и фокусираноста на учениците за време на училишните часови и ангажирање на локалната власт на Општина Карпош во процесите за намалување на зависноста од паметните телефони кај учениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 11:28