Напаѓачот Родриго е среќен поради своето деби за Реал Мадрид. Осумнаесет годишниот Бразилец синоќа влезе на теренот во 71. минута на натпреварот со Осасуна (2:0) и постигна гол по само една минута.

– Јас сум многу среќен после ваквата вечер. Тренерот ме инспирираше со голема самодоверба и тоа ми помогна да постигнам гол. Мајка ми секогаш велеше дека имав многу среќа на деебитантски настапи. Да постигнам гол на дебито на „Сантијаго Бернабеу“ е моментот за кој сонував. Ова е неверојатно чувство, изјави Родриго

Реал е лидер во Приемра по шест кола со 14 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 13:06