Германската канцеларка Ангела Меркел му оддаде почит на поранешниот француски претседател Жак Ширак како „голем државник и Европеец“.

Нејзиниот портпарол Штефен Сијберт денеска во твит ги цитираше зборовите на канцеларката дека е „многу тажна“ за смртта на 86-годишниот Ширак.

– Тој беше одличен партнер и пријател со Германците, и мој лично, рече Меркел.

Ширак беше на функција кога Меркел дојде на власт во 2005 година и беше првиот од четворицата француски претседатели со кои соработуваше.

– Жалам за големиот државник и Европеец заедно со неговото семејство и францускиот народ, рекла Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 20:36