Триесет и четиригодишна скопјанка вчера го пријавила дека на 02.09.2019 околу 22.00 часот во нејзиниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг од Скопје.
Како што соопшти МВР, пријавата против 42-годишниот сопруг е поднесена вчера во 19.00 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, жената подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.