САД воведоа санкции кон Раул Кастро и неговите деца, како нов притисок за Куба во врска со поддршката за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

– Како прв секретар на Кубанските вооружени сили, Кастро е одговорен за поддршката на таа земја за поддршката на поранешниот венецуелски претседател Мадуро преку насилство, заплашување и репресија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, повторувајќи го ставот на Вашингтон дека Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.

Помпео тврди дека кубанските безбедносни сили, во договор со војската и разузнавачките служби на Мадуро, биле вмешани во грубо кршење и злоупотреби на човековите права, вклучително и тортура.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 22:58