На 26.09.2019 во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во двор од куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово ги лишиле од слобода А.А.(23) и В.А.(24), двајцата од Куманово.
Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата, а покрај нив биле пронајдени украдените предмети од куќата, кои им биле одземени, заедно со возилото „рено лагуна“ кое го управувале. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.