Град Скопје го продолжи рокот на објавениот јавен повик на веб-страницата општината на ден 16.09.2019 година за стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во средните училишта во Скопје.
„Ве информираме дека Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник).Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели 25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, коишто во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендијата од 3.000 денари нето износ.“ - стои во соопштението на Град Скопје