Вечерата е оброк од кој многумина се откажуваат со цел да ја намалат телесната тежина. Но, тоа не е најздравата опција. Придобивките од вечерата се навистина големи. Главната причина за вечерањето е да го наполниме (во доволна количина) телото со доволно материјал за работа во текот на ноќта. Општо познат факт е дека децата растат додека спијат а сите останати го регенерираат своето тело со истиот процес. Доколку немате доволно храна телото потешко ќе ги извршува сите функции и ќе таложи на масти. Практикувајте вечерата да ја изедете максимум 2, а минимум 4 часа пред да легнете. Како придобивка се јавува и фактот дека со редовни вечери се забрзува метаболизмот и на тој начин останувате витални. Честопати заморот наутро и тешкото будење се причина за лошо поминатиот ден, состојби кои се врзани со немањето или лошата вечера.

Со вечерањето се финишира и внесувањето на дневната доза потребни нутриенти во текот на денот. Внесувањето нутриенти е поефективно доколку се прави распоредено во текот на денот бидејќи телото не го исфрла вишокот и не е преоптоварено да ги обработи. Од друга страна навечер, немајќи физичка активност, сите процеси кои ги извршува се фокусирани на обработка на истите нутриенти. Во одност на составот на вечерата има две генерални правила. Пред се јадете од тоа што знаете дека не сте внеле доволно во текот на денот и немојте да јадете тешка храна полна со маснотии, шеќери и прости јаглехидрати. Спротивно од тоа, потрудете се вечерата да биде квалитетна со доволно протеини, сложени јаглехидрати (кои споро се распоредуваат во телото и не доведуваат до дебелење), како и доза на витамини и минерали. Популарен избор се салатите или вареното месо.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2019 22:35