Како најдобар антиоксиданс витаминот Е дава значаен придонес за одржување на здрава кожа, ги намалува проблемите со видот и очите и го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Е може да се најде во широк спектар на хранливи продукти а најбогати извори на витамин Е се растителните масла, односно, соја, пченка и маслиново масло како и ореви, семки, житарици и житни производи. Препорчалива дневна доза на Витамин Е за мажи е 4мг, додека за жени е доволно да се внесе и доза од 3 мг на ден. Значајно за витаминот Е да се спомене и дека доколку дојде до прекумерна негова употреба, во науката не постојат докази за несакани ефекти по човечкиот организам.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 07:23