Новата анализа на заштитниот ефект на умереното пиење на пиво наиде на голем интерес во братанските медиуми а воедно и на одобрување од страна на британската популација. Но сепак, многу малку медиуми пренесоа дека позади истражувањето стои италијанска трговска асоцијација производител на пиво, која во целост го финансирала истражувањето.
Истражувањето било насочено кон согледување на доказите и аргументите како пивото влијае на здравјето вклучувајќи ги и ефектите кои пивото ги има врз срцето и циркулацијата, ракот, заболувањата на црниот дроб, деменцијата и вкупната должина на животот. Исто така истакнуваат и дека многу истражувања се направени за влијанието на виното врз здравјето но не и за влијанието на пивото врз здравјето.
Истражувањето, на база на добиените резултати, констатира дека мажите кои пијат околу две лименки пиво на ден од 330мл на ден и жените кои пијат една лименка пиво на ден од 330мл, можат да имаат “бенефит во борбата со кардиоваскуларните болести“.
Конзумирањето на овие количини на пиво во себе содржат околу 2.5 единици на алкохол дневно односно 17,5 алкохолни единици неделно за мажи и 1.25 единици алкохол, односно 8.75 алкохолни единици за жени, неделно.
Истражувањето е контрадикторно во однос на тврдењето на главните медицински офицери во Велика Британија, дека мажите ќе бидат безбедни и здрави доколку конзумираат не повеќе од 14 алкохолни единици на неделно ниво.
Сепак, мажите најдобро знаат колку е здраво и во која количина треа да го конзумираат пивото.