Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска од 23:00 до 5:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 32 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје од 6:00 часот наутро до полноќ синоќа спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 13:00 до 18:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои не даваат првенство на минување на возила на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 11 возачи. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.

Во периодот од 14:00 до 24:00 часот санкционирани се и тројца возачи на мотори, а откриени се 34 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 13:49