Тренерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека е шокиран од изборот на ФИФА околу наградата за фер-плеј на годината.

Лидс ја доби наградата затоа што на меч со Астон Вила му дозволија на противникот да им даде гол, откако претходно тие дадоа гол во акција која требаше да ја запрат поради повреда на играч на тимот од Бирмингем. Но, исто така лани се откри и „шпионска“ афера во која од Лидс признаа дека скришно го „набљудувале“ тренингот на Дерби каунти, чиј тренер тогаш беше Лампард.

– Мислев дека е кажано иронично кога слушнав дека Лидс ќе ја добие наградата. Кога видов дека е сериозно, само се насмеав. Кои се тие што гласаат, праша Лампард.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 13:50