Дваесет и две годишниот С..К од скопското село Кучевиште во полиција пријавил дека на 16. месецов во угостителски објект во селото бил физички нападнат од И.П (23), кој подоцна во негова близина од возило испукал неколку куршуми од огнено оружје.

-Во СВР Скопје синоќа во 22 часот С.К.(22) од с.Кучевиште, скопско пријавил дека на 16.09.2019 околу 00,30 часот во угостителски објект во с.Кучевиште физички бил нападнат од И.П.(23) од с.Кучевште кој и претходно му се заканувал, по што во близина на домот на Ј.К.(20) од с.Кучевиште кој бил заедно со С.К. пријавениот дошол со возило и испукал неколку куршуми од огнено оружје, по што го напуштил местото на настанот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 17:07