Изминатото деноноќие полицијата спровела акции за откривање возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената и возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и притоа по разни основи изрекле над 150 казни.

Како што соопшти МВР, полицијата вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот спровела акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани биле 20 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 24 прекршочни платни налози.

Ноќеска во периодот од 23:00 до 05:00 часот спровела и акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа. како што соопшти МВР, санкционирани се 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.

Полицијата вчера од 14:00 до 24:00 часот санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 13:12