Oколу 22:30 часот, во куќа на улицата „Стојан Сандески“ во Кичево, споственост на Е.Т.(51), се случил пожар во кој, целосно изгореле внатрешните простории, кровната конструкција и делови од покуќнината.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а по извршен увид, полициски службеници го лишиле од слобода сопственикот на куќата, информираат од СВР-Охрид.

Во раните утрински часови односно во 01 часот и 20 минути, во полициската станица Кичево, А.Ј.(22) од кичевското село Другово пријавила дека на локален пат во селото, физички била нападната од М.К. од селото Осој. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден во 03 часот, во полициската станица Кичево, Т.А.(29) пријавил дека во патнички автомобил „Ауди“ бил физички нападнат од Л.В. од Кичево. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 14:06