Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи претпладне на крстосницата на ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ кај зградата на Собранието, што предизвика времен застој во центарот на главниот град.
Од МВР за МИА изјавија дека во 10:15 часот претпладне дошло до судир помеѓу товарно моторно возило „ситроен јампер“ и патничко возило „опел“, двете со скопски регистерски ознаки. Со телесни повреди се здобил возачот на „опелот“ кому му е укажана помош во Градската болница „Св.Наум Охридски“.
Во тек е увид на местото на настанот.