Работното време на жичарницата Милениумски крст од денеска ќе биде за еден час пократко, односно од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17:30 часот, односно во 17:45 часот од горе надоле, информира ЈСП.
Оттаму посочуваат дека согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.