Европскиот ракометен шампион, Вардар забележа победа во регионалната СЕХА лига на гостувањето кај Татран Прешов со 22-29 (8-10). За тимот ова е трета победа оваа сезона во регионалното натпреварување, откако има и еден пораз.

Изедначена игра видовме само во првото полувреме, кога вардарци си заминаа со само плус два разлика, но во второто се разиграа избраниците на Давид Писонеро и во еден момент имаа и 10+ (13-23). Домаќинот потоа ја бркаше негативата но не успеа да го избегне високиот пораз (22-29).

Тимур Дибиров реализираше пет гола, а голманот голманот Кугис се истакна со 14 одбрани. Кај Татран, Рабек беше најефикасен со шест гола.

Следен дуел за Вардар во регионалната лига ќе биде против Војводина на домашен терен на 6 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 03:11