СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска.