Битолски Еурофарм Работник го изненади унгарскиот гигант Веспрем со 26:24 (14:8) во дербито на групата Б од регионалната СЕХА лига во ракомет.

Голманот Митревски во првото полувреме имаше 10 одбрани, па тој беше најзаслужен што европскиот вицепервак даде само 8 гола во првите 30 минути. Веспрем во првите 18-19 минути од второто полувреме успеа да ја стопи негативата и изедначи на 19:19, но тогаш македонскиот тим даде три гола по ред, и направи предност која успеа да ја задржи до крај.

Јотиќ со 8 и Стјепановиќ со 5 гола беа најефикасни, а Митревски имаше 12 одбрани. Македонецот Манасков даде три гола за унгарскиот тим. Сега Еурофарм Работник е прв во групата Б со 9 бода од три меча.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 22:51