Наполи одигра само 0:0 на гостувањето кај Генк во Лигата на шампионите, а македонскиот интернационалец Елиф Елмас одигра 58 минути.

Италијанскиот тим во првото коло го совлада Ливерпул со 2:0, а и сега не примија гол, но не успеаја ниту да дадат во дуелот со белгискиот шампион кој во првата рунда беше нокаутиран од Салцбург со 2:6. Елмас беше стартер и беше заменет со Дрис Мертенс во 58-ма минута, но ниту белгискиот офанзивец не успеа да го смени резултатот.

На другиот натпревар од ЛШ кој почна во 18.55 часот, Борусија Дортмунд ја победи Славија во Прага со 2:0. Головите ги постигна бекот Ашраф Хакими, кој во германскиот тим игра како позајмен од Реал Мадрид. Борусија сега има четири бода и ќе го чека исходот од дербито Барселона – Интер.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 22:57