Аронијата често се споменува како овошје кое е најмоќниот антиоксиданс. Второто име на оваа овошка “сибирска боровница” – епитет кој го носи токму поради отпорноста на ниски температури и бидејќи најраспространета е во Русија. Како малку позната во нашите простори, со нејзината моќ запознајте се во продолжение.
Карактеристики
Како што веќе напоменавме аронијата е отпорна на ниски температури (дури до – 45 целзиусови степени). Како и повеќето бобинки има зрнест облик и грмушест раст, кој, во зависност од просторот, може да достигне до 2 метри височина. Нејзиниот плод се јаде зрел, а може да се бере 2 месеци по неговото созревање. Не ретко се чува и како украсно растение.
Нутритивна вредност
Аронијата е богата со витамини, минерали но и антиоксиданси. Конкретно црната аронија содржи витамини А, Б2, Б6, Б9, Ц (кој е есенцијален за човекот во секојдневието), Е и витаминот П (кој е многу редок и помага со клеточно оштетување, рак, Паркинсова болест, астма итн.). Секој вид на аронија содржи антиоксиданси потребни во борбата со слободните радикали. Во нејзиниот склоп се и неколку минерали како железо, манган, јод и фосфор. Сорбитолот е овошен шеќер кој исто така се наоѓа во аронијата и е многу редок, а служи како засладувач, и е карактеристичен по тоа што бавно се разградува во нашиот метаболизам (тоа го прави погоден за консумирање).
Видови аронија
Веќе неколку пати спомнавме дека има неколку видови на аронија кои може да ги поделиме на:
-Црна (се смета дека е побогата од останатите) аронија
-Црвеноплодна аронија
-Лилавоплодна аронија
Лековити својства
Аронијата има широк спектар на лековити својства, еве неколку од нив:
– Ја подобрува циркулацијата
– Ги намалува болките и грчевите во желудникот
– Помага при главоболка и мигрена
– Го регулира проливот
– Ја подобрува работата на панкреасот и излачувањето на жолчката
Консумација
На нашиот пазар може да се најде свежа, сужена, во облик на чај или сок меѓутоа и во прашкаста форма. Најчесто се консумира како пијалок (чај, сок, компот или со јогурт) но исто така се користи во разни готвени јадења, салати и десерти. Практикувајте јадење свежа аронија бидејќи така има најмногу хранлива вредност.