Работите кои ни сметаат еден на друг, сериозно можат да ја загрозат нашата врска. На крајот, за да се биде среќна двојка, вложувањето на напори од двајцата е неизбежно. Ова се 8 типови на мажи кои жените не баш ги посакуваат.
1. Посесивни
Некои мажи мислат дека жените се во нивна сопственост. Сакаат да ги контролираат во сè околу нивниот живот, иако всушност немаат право на такви работи.
2. Хигиенски навики
Мажите на кои им недостасува добра хигиена, ги отурнуваат жените од себе и се тотално непривлечни дури и одбивни за нив.
3. Нечувствителни
Жените се посентиментални од мажите. Разликата во половите понекогаш ги тера мажите да мислат дека жените драматизираат премногу. Кога мажите ги игнорираат емоциите на жената, таа чувствува дека не е доволно почитувана.
4. Негативни
Мажите кои постојано се жалаат на нешто, не се забавни и често знаат да бидат и груби. Овој тип на мажи секогаш ја гледаат негативната страна на нештата и никогаш не се задоволни. Секој обид да им помогнете да бидат позитивни е залуден. Тие знаат само како да критикуваат сè и секого – ништо не им е доволно.
5. Оние кои не си ги исполнуваат ветувањата
Мажите кои не си ги исполнуваат дадените ветувања, обично ги ставаат на прво место своите интереси а потоа на жената или на семејството.
6. Несериозни
Некои мажи секогаш ја одлагаат работата и никогаш не помагаат во домаќинството. Никогаш не се достапни за работи поврзани со домот.
7. Ексцентрични
Тие мислат дека светот се врти околу нив. Сакаат да се центар на внимание и мислат дека нивната жена треба да им служи и да им ги исполнува сите барања. Не прифаќаат критика и секогаш се во право. Овие карактеристики неизбежно ќе ја натераат жената да се чувствува понижена и несреќна.
8. Флертувачи
Овие мажи обожаваат да флертуваат, што е крајно иритирачки и буди сомнежи за неверство.