Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, по победата над Интер во натпреварот од 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите (2:1), призна дека му било напорно да го одигра цел натпревар.

Аргентинецот за прв пат по подолго време одигра цел меч.

– Уморен сум, но мило ми е што за прв пат оваа сезона успеав да ги поминам сите 90 минути. Ми недостасува ритамот на играта, но се радувам на нашата победа. Моравме да победиме на овој натпревар, имаме тешка група. Задачата е да го заземеме првото место, но Интер не е лесно да се победи. Тие скоро не оставаат слободни зони помеѓу линиите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2019 11:53