Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Центар, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи.
Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Емил Зола“ и останатите кај училиштето „Златан Сремац“, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од улицата „Дамска“, Општина Центар.