Научен тим од Универзитетот на Тексас претставија резултати од анализа на древни трупови, од неколку различни места на планетата, со една заедничка особина – сите тие луѓе починале од атеросклероза, којашто го уништила нивниот крвоточен систем.

Телата пронајдени во Јужна Америка и Блискиот Исток, се стари околу 4.000 години. Најмладиот починат имал околу 18 години, а највозрасниот – 55-60 години. Истражувачите откриле посебни супстанции во нивните артериите и така добиле информации за составот на ткивото.

Анализата покажала дека сите петмина починале поради огромно количество атеросклеротични наслаги. Ова откритие докажува дека вишокот маснотии и холестерол во крвта, како заболување, го следат човекот уште од древноста.

Засега не е можно да се утврдат причините за заболувањето кај петте трупови. Претпоставките говорат за различни инфекции, но и за генетиката на овие древни луѓе. Атеросклерозата денес може да се појави поради неактивен и нездрав начин на живот или поради неправилна исхрана.

Затоа, ова откритие веројатно покажува, уште еднаш, дека физичките активности и храната можеби се главниот фактор за долговечноста кај луѓето.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2019 14:29