Во акциска контрола на сообраќајната полиција вчера биле регистрирани 30 прекршоци, од кои девет во Велес, 13 во Кавадарци и осум во Неготино.

– За сите прекршоци се изречени соодветни санкции, информира портпаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски.

Тој апелира до возачите да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила.

-Со тоа ќе го сочуваат својот и животите на останатите учесници во сообраќајот и ќе спречат сообраќајни несреќи со човечки жртви, кои за жал се наше секојдневие на патиштата,потенцира Додевски



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2019 15:07